Оптимизација на начинот и изворите на финансирање

Примарниот извор на капитал најчесто се сопствени извори или краткорочни и долгорочни кредити од комерцијалните банки.

Примарниот пазар на капитал ги опфаќа институциите, инструментите и механизмите преку кои се вршат комплексните врзани за подготовката и реализацијата на емисиите на долгорочни хартии од вредност (акции и обврзници). На овој пазар се врши мобилизација (прибирање) на слободен паричен капитал, со цел за долгорочно финансирање на корпорациите која се врши преку нова емисија на акции и обврзници. Станува збор за доброволна централизација на капиталот преку која корпорациите, “преку ноќ”, доаѓаат до финансиските средства.

Финансирањето на претпријатијата преку емисија на долгорочни хартии од вредност се врши на три основни начина: директна, индиректна и интерна емисија