Истражување на пазар и пазарни информации

Истражувањето на пазарот е за откривање на тоа што луѓето сакаат, кои се нивните потреби, или во што веруваат. Тоа може да вклучува и откривање на начинот на кој тие дејствуваат. 

Утврдувањето на маркетинг активностите и донесувањето одлуки како континуиран процес, се базира врз низа информации кои се од внатрешни или надворешни извори. Надворешните информации (од окружувањето на производителот) во кои се вбројуваат и инфорации кои се прибираат со истражувањето на пазарот, за да може да послужат во донесувањето на одлуките мора да бидат навремени, точни и квалитетни. Во донесувањето одлуки особено се значајни следните инфорации кои се добиваат од пазарот:

  • Информации за остварување на целите на маркетингот каде спаѓаат информации за:
    • Потенцијалите на пазарот и продажбата;
    • Пазарното учество на стопанските субјекти;
    • Пласманот на одделни стоки и услуги;
    • Прогнозите на пласманот на производите и услугите;
    • Мислењето и ставовите на потрошувачите
  • Инфорации за производите, а особено оние што можат да се променат, за новите производи и можност за задоволување на потребите, оценка на ефектите од вложувањата и др;
  • Информации за донесување одлуки во промотивната сфера;
  • Информации за донесување одлуки во дистибутнивните активности на производите
  • Информации за донесување одлуки на цените на производите како еден од основните инструменти на маркетингот и др.

Бидејќи истражувањето на пазарот претставува добивање информации за донесување одлуки во маркетингот се смета дека вложувањето средства во оваа активност треба да овозожи да се подобри квалитетот на одлучувањето и да се покријат средствата вложени во истражувањето на пазарот.