ЕУ Фондови консалтинг и едукација

Покрај задржувањето на макроекономската стабилност во стопанството, порастот на економијата преку зголемување на извозот, интензивирање на јавното приватно партнерство, како и целосна реализација на капиталните инвестиции, посебен акцент за 2011 година на Стопанската комора на Македонија ќе биде ставен на искористеноста на парите од ЕУ-фондовите. 

Покрај задржувањето на макроекономската стабилност во стопанството, порастот на економијата преку зголемување на извозот, интензивирање на јавното приватно партнерство, како и целосна реализација на капиталните инвестиции, посебен акцент за 2011 година на Стопанската комора на Македонија ќе биде ставен на искористеноста на парите од ЕУ-фондовите. Комората ќе се залага и за надминување на проблемот со неликвидноста кај компаниите, но и со пребивање на долговите кон фирмите од страна на државата, со цел да се подобри бизнис-климата. Во ЕУ-Програмата за годинава планирани се околу 1,9 милијарди евра за истражување и развој, средства што се дел од ФП7 Програма. За ЦИП-програмата резервирани се околу 250 милиони евра, а за ИПА-Програмата и петте компоненти - 98,7 милиони евра. Предвидени се и кредитни линии од ЕБРД - 14 милиони евра за конкурентност на мали и средни претпријатија и 12 милиони евра за енергетска ефикасност. ЕИБ ќе одобри уште 50 отсто, односно 50 милиони евра кредитна линија за малите и средни претпријатија.