Профил на компанијата

Широк спектар на услуги од деловниот и инвестициски консалтинг во најширока смисла и издавачка дејност, фокусирани на потребите на компаниите, деловните луѓе и другите учесници на реформи во Регионот

 

Кои сме ние

Консалтинг друштвото Ревикон СЕЕ стои на располагање на сите заинтересирани клиенти за сите горенаведени услуги и контакти со деловни партнери од Регионот во сферата на финансиите и бизнисот. Располагаме со 43 постојано вработени експерти, како и широк круг на надворешни консултанти, финансиски, книговодствени и правни специјалисти, универзитетски професори, академски научници, учесници во креирањето и промените на законите.

Во последните пет години Ревикон СЕЕ има одржано преку 400 семинари, симпозиуми и советувања, со преку 40000 учесници, на локално и регинално ниво.

Ревикон СЕЕ континуирано издава два редовни магазини Призма и Порезни Савјетник,  а од 1998 година има издадено преку 30 изворни изданија, преводи на книги, зборници на трудови и брошури.

Идентитет

Друштвото со ограничена одговорност, во приватна сопственост, основано 1997 година, со седиште во Сараево, БиХ, подружници Ревикон СЕЕ Белград, со седиште во Белград, СЦГ и Ревикон СЕЕ Скопје, со седиште во Скопје, Република Македонија.

Визија

Прераснување во водечка консултантска фирма во Регионот, за деловни и јавни финансии, даночно советување и корпоративно право.

Мисија

Постојано и сигурно остварување на константно растечките очекувања на сегашните и идни клиенти.

Кредо

Слободно претприемништво втемелено на владини закони, највисоки стручни и етички стандарди, праведен и чесен однос  према клиентите, деловните партнери и вработените.

Стратегија

Незадоволување со постигнатиот, туку остварување на постојан раст, унапредување на постојаните и креирање на нови услуги во склад со промените во деловното и социјалното окружување.

Ресурси

Професионалното јадро на постојано вработени, компонирано со спојување на енергијата на младоста и сигурноста на искуство, како и широк круг на надворешни консултанти, составен од финасиски, книговодствени и правни специјалисти, универзитетски професори, учесници во креирањето и промените на законите, високо мотивирани и професионално одговорни, организирани и потврдени во тимската работа.